За нас

Македонското биолошко друштво (МБД) е Здружение на граѓани чија основна цел е грижа за статусот на биологијата како стручна и научна дисциплина и професија во општеството, организација, координација и поддршка на биолозите од разни струки и професионални активности и интереси, грижа за соодветна застапеност на биолошки содржини во образовниот процес, грижа за еколошката едукација и за зачувување и заштита на природата, ширење на биолошките знаења, развивањето и унапредувањето на сите гранки на биолошката наука во образованието.