Почитувани ученици и ментори,
Ве известуваме дека вториот Селекционен натпревар за учество на Меѓународната олимпијада по биологија 2025, ќе се одржи на 10.02.2025 година (понеделник), со почеток во 12 часот на Природно-математичкиот факултете во Скопје (учениците да бидат пристигнати пред влезот на горната зграда најдоцна до 11. 45 часот).
Во тимот за престојната Олимпијада ќе влезат четирите прворангирани кандидати на овој селекционен натпревар.
Доколку 5то рангираниот кандидат е со ист број на бодови како еден или повеќе од повисоко рангираните, за кандидатите со ист број на бодови ќе се изведе дополнително рангирање според вкупниот број на бодови од првиот и вториот селекционен натпревар.
Доколку и со вакво рангирање не може да бидат избрани претставници поради ист број на бодови, тогаш во друг термин и само за овие кандидати, ќе биде одржан дополнителен селекционен натпревар.
Со почит,
МБД